Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на милијардерот Елон Маск со депортација поради неговата остра критика на Трамповиот закон за даноци и државна потрошувачка, наречен „Големиот, Прекрасен Закон“.
Маск јавно го критикува законот, тврдејќи дека ќе го зголеми американскиот долг и ќе ја фаворизира застарената индустрија, и предложи основање нова политичка партија како алтернатива на двопартискиот систем. Тој исто така најави финансиска поддршка за противкандидати.
На социјалната мрежа X, Маск сподели објава дека шансите за формирање нова политичка партија во 2025 година се зголемиле на 41%, по неговиот предлог за „Американска партија“.