Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, повремено засилен. Максималната температура ќе се движи од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слична облачност, со умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 38 степени.
Од УХМР најавуваат дека во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите постепено ќе се зголемуваат, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури на повеќето места ќе надминат 30°C, а локално ќе достигнат и над 40°C.
Во недела попладне и вечер ќе има услови за појава на локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.