УТРО.мк

Внесувањето на Бугарите во Уставот е само почеток, не крај на процесот, предупредува Енчев

Внесувањето на Бугарите во Уставот е само почеток, не крај на процесот, предупредува Енчев
Vero

Внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не ја решава целосно блокадата, туку претставува само почеток на поширок процес, предупредува докторот по меѓународни односи и право, Емил Енчев. Тој појаснува дека ова е само еден од условите од Францускиот предлог и Договорот за пријателство од 2017 година.

Според Енчев, покрај уставниот запис, следуваат значајни барања, како измена на учебниците по историја, што според него претставува намерна манипулација со историските факти. Исто така, Бугарија инсистира на прекин на говорот на омраза и гарантирање на правата на Бугарите во Македонија.

Тој ја оцени како скандалозна изјавата на премиерот Желјазков дека процесот „нема да биде билатерален“, објаснувајќи дека договорот и процесот се билатерални, но со гаранција од Франција. Според него, напуштањето на билатералниот процес би ги ослабнало позициите при спроведување на обврските од страна на Македонија.

Енчев заклучува дека изјавата на Желјазков може да произлегува од намерна политика или од непознавање на сложеноста на прашањето.

Извор: expres.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран