Минатата година Македонија извезе 13 илјади тони млеко и млечни производи во вредност од 34 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Вредноста на увозот се зголеми за 34%, додека количината на продадени млечни производи на странските пазари бележи раст од 38%.
Во 2024 година, увозот на млечни производи достигна рекордни 104 милиони евра, што претставува највисока вредност во историјата на земјата. Увозот изнесуваше над 57 илјади тони, што е за 14% повеќе во однос на претходната година.
Овие податоци укажуваат дека зголемениот увоз е последица од падот на домашната млечна индустрија, која се соочува со проблеми веќе подолго време. Бројот на млечни крави во земјата минатата година изнесуваше 73.522, што е пад од 40% во споредба со пред десет години, кога бројот надминуваше 125 илјади.
Производството на млеко во 2024 година достигна 282 илјади литри, што е раст во споредба со претходната година, но сепак за околу 100 илјади литри помалку од количината произведена пред една деценија.