На Конференцијата на ОН за финансирање за развој во Севиља, Гордана Димитриеска Кочоска ја истакна важноста на зеленото финансирање како клучен двигател на одржливиот развој во Македонија. Таа претстави значајни резултати постигнати преку Green Finance Facility, кој поддржа 57 фирми и 58 домаќинства со вкупно инвестиции од над 15,5 милиони долари.

Според неа, овие вложувања доведоа до намалување на емисиите на CO₂ за 4.000 тони, како и до значително намалување на аерозагадувањето и обезбедување поефикасна и почиста енергија.

Димитриеска Кочоска истакна дека комбинираното финансирање, преку јавни и приватни средства, претставува успешна формула која Македонија ја нуди како модел препознаен од Обединетите нации, Европската банка за обнова и развој и други партнери.
„Никој не смее да биде изоставен во зелената транзиција,“ порача таа, нагласувајќи дека Македонија останува посветена на праведна и инклузивна зелена економија.