УТРО.мк

Скандал во Тетово: Инвеститори граделе нелегално, инспекторот „не видел“ ништо!

Скандал во Тетово: Инвеститори граделе нелегално, инспекторот „не видел“ ништо!
Vero

СВР Тетово поднесе кривични пријави против два правни субјекти од Тетово, како и против нивните управители А.З. (49) од с. Порој и Е.Б. (32), поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според полицијата, за време на 2024 година, при изградба на станбено-деловен објект на катастарски парцели во КО Тетово, инвеститорите постапиле спротивно на одобрението за градба издадено од општина Тетово.

Дополнително, кривична пријава е поднесена и против Г.Г. (49) од с. Голема Речица, вработен во Одделението за градежна инспекција при општина Тетово, поради сомнение за „несовесно работење во службата“. Тој, иако извршил инспекциски надзор, не утврдил неправилности во текот на изградбата.

Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран