На 30 јуни 2025 година, околу 16:10 часот, на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Р. (50) од Скопје.
При гранична контрола било утврдено дека лицето се наоѓа на „стоп“ листа по наредба на Основниот суд Скопје, за издржување затворска казна по член 297 став 3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Приведениот веднаш бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.