Иако на прв поглед звучи необично, сè повеќе жени се одлучуваат да ја мијат косата со брашно, тврдејќи дека резултатите се изненадувачки добри – особено за оние кои се борат со мрсна коса.
Зошто токму брашно?
Скробот во брашното природно ја апсорбира маста од темето и влакното, што резултира со почиста, полесна и поеластична коса. Одредени видови брашно, како ржано или од наут, се богати со витамин B5, цинк и железо – нутриенти кои ја хранат и зајакнуваат косата.
Дополнителен бонус е тоа што брашното има неутрален pH и не ја иритира чувствителната кожа на главата, па може да помогне и против првут и други проблеми со скалпот.
Како се користи?
Постапката е едноставна:
Измешајте една чаша вода со четири лажици брашно, додека не добиете кремаста смеса.
Нанесете ја на косата и оставете да делува 5 до 10 минути.
Исплакнете темелно со топла вода и измијте ја косата со благиот шампон по ваш избор.
За пријатен мирис, можете да додадете неколку капки етерично масло во смесата.
Кој вид брашно да го избегнувате?
Избегнувајте брашна со висока содржина на глутен, како пченично или спелта, бидејќи можат да ја отежнат косата и потешко се исплакнуваат.
Што велат искуствата?
Блогерки и кориснички на социјалните мрежи кои го пробале овој природен третман велат дека косата им станала посјајна, со поголем волумен и многу помалку се масти. За многумина, брашното станало природна и ефтина алтернатива на комерцијалните препарати.
Ако сакате да ѝ дадете пауза на косата од хемикалии – овој природен трик можеби вреди да се проба.