УТРО.мк

Тврдење за крајот на светот во 2027 година повторно го буди интересот за тајната ватиканска книга

Тврдење за крајот на светот во 2027 година повторно го буди интересот за тајната ватиканска книга
Vero

Една од најконтроверзните и најмистични книги поврзани со Ватикан повторно ја возбуди јавноста – според неа, крајот на светот би можел да се случи веќе во 2027 година. Станува збор за таканареченото Пророштво на Свети Малахија, наводно напишано во 12. век, кое содржи серија криптични пораки за сите папи до денешен ден.

Книгата, која опфаќа 112 латински фрази, наводно ја опишува секоја папска фигура од Целестин II (папа во 1143 година), па сè до последниот папа – наречен Петар Римјанинот. Во неа стои дека токму тој ќе владее во време на големи страдања, по што ќе следи „уништување на градот на седумте ридови“ – често идентификуван како Рим – и доаѓањето на „Страшниот Судија“ кој ќе му пресуди на човештвото.

Според некои толкувања, сегашниот папа Франциск би можел да биде токму тој последен папа, а крајот на светот – ако се верува на пророштвото – би можел да дојде во 2027 година.

И покрај тоа, голем број историчари ја негираат автентичноста на текстот, укажувајќи дека првпат бил објавен дури во 1595 година од страна на бенедиктинскиот монах Арнолд Вион. Според нив, можно е текстот да бил напишан во таа епоха со цел да влијае врз изборот на папа во корист на одредени кандидати.

Сепак, поддржувачите на пророштвото наведуваат дека некои од фразите навистина одговараат на животите и дејствата на папите. На пример, изразот „Gloria Olivae“ се поврзува со папа кој припаѓал на Оливетанскиот ред, а „De labore Solis“ (од трудот на сонцето) се поврзува со папа Јован Павле II, роден за време на помрачување на сонцето.

Дали се работи за точно пророштво или пак за политички спин од 16. век останува прашање за кое науката е скептична, но јавноста – сè пољубопитна. Како што се приближува 2027 година, интересот за оваа мистериозна книга од ватиканските архиви само ќе расте.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран