Актерот Вин Дизел на неодамнешниот фестивал Fuel Fest во Помона, Калифорнија, ги изненади обожавателите со нови информации за последниот дел од популарната филмска серија „Fast and Furious“.
На сцената тој откри три клучни услови кои мора да се исполнат за снимањето на финалниот дел од франшизата, насловен „Fast X Part 2“, чија премиера е закажана за април 2027 година.
Дизел носеше маица со натпис „Fast X Part 2 Los Angeles Production 2025“ и потенцираше дека инсистирал акцијата на филмот да се врати во Лос Анџелес, повторно да се фокусира на автомобилската и уличната тркачка култура, како и да се вратат омилените ликови на Дом и Брајан О’Конер.
Особено емотивно ја нагласи важноста од враќањето на ликот на Брајан О’Конер, кој во серијалот го толкуваше починатиот Пол Вокер.
Пол Вокер трагично го загуби животот во 2013 година за време на снимањето на „Furious 7“. По неговата смрт, продукцијата беше привремено запрена додека не беше донесена одлука како да продолжи приказната за неговиот лик. Во финалните сцени од тој филм, Брајан О’Конер се повлекува од акцијата и се посветува на семејството, а за дополнителните сцени беа користени неговите браќа Коди и Калеб Вокер како двојници, додека лицето на Пол беше дигитално вметнато.
Во следните продолженија ликот на Брајан не се појави, иако повремено беше споменуван како жив. Најавите на Вин Дизел укажуваат на можност дека во последниот дел ќе се искористат необјавени снимки или повторно ќе се ангажираат браќата Вокер, со дигитално надополнување.
Овој чекор ги радува многуте фанови, бидејќи најавува емотивен враќање на еден од најомилените ликови во серијалот, како и враќање кон корените на популарната франшиза.