СВР Куманово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Д.Ц. од Куманово, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Инцидентот се случил на 1 мај 2025 година, кога Д.Ц., кој бил приведен и доведен во полициска станица, започнал да се однесува агресивно. Во еден момент, физички го нападнал полицискиот службеник кој во тој момент извршувал службени дејствија.
Против него е поднесена кривична пријава, а случајот е предаден на надлежното обвинителство.