Тешка железничка несреќа ја потресе југозападна Германија, откако патнички воз дераилираше од шините, при што загинаа неколку лица, а повеќе се повредени. Веста ја објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на извори од безбедносните служби.
На местото на трагедијата се распоредени голем број спасувачки екипи кои интензивно го пребаруваат возот и неговата околина, во потрага по евентуално заглавени патници.
„Спасувачките тимови се на местото на настанот и го пребаруваат возот и околината во потрага по патници“, соопштија надлежните.
Засега не се откриени причините за излетувањето на возот, а локалните власти најавија дека ќе спроведат целосна истрага. Бројот на загинати и повредени сè уште не е официјално потврден.