Најмалку 21 лице беше убиено денеска од израелски оган додека се обидувале да добијат хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, објави Медицинскиот комплекс Насер, пренесува Ал Џезира.
Од основањето на станиците за помош на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа (GHF) кон крајот на мај, најмалку 1.924 лица се убиени, а повеќе од 14.288 се повредени, според податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа.
Министерството исто така соопшти дека во последните 24 часа уште 11 Палестинци починале од глад, со што бројот на смртни случаи од глад достигна 251. Меѓу загинатите од глад се 108 деца.