Францускиот весник „Ле Монд“ објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски свесно го минимизира бројот на загинати војници, додека гробиштата низ Украина се преполни.
Зеленски во февруари соопшти дека од почетокот на војната загинале околу 46.000 војници, 380.000 се ранети, а десетици илјади се водат како исчезнати или заробени.
Сепак, според „Ле Монд“, реалната бројка на жртви е веројатно значително повисока. Весникот наведува дека во многу региони во Украина недостасува простор за нови погреби, поради што локалните власти мораат да отстапуваат нови терени за воените гробишта.