Американскиот претседател Доналд Трамп не испратил никакви честитки до својот руски колега Владимир Путин за роденденот на 7 октомври, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, не испратил“, изјави Песков одговарајќи на прашање дали честитка од Трамп била примена преку било кој канал.
Путин, кој на 7 октомври го одбележа својот 73. роденден, лично му го честитал роденденот на Трамп во јуни. Американскиот лидер на 14 јуни наполни 79 години.
Колку што е јавно познато, рускиот и американскиот претседател не комуницирале од август, кога во телефонски разговор ги резимирале резултатите од средбата на Аљаска.