УТРО.мк

Јордан и Емиратите фрлија хуманитарна помош со падобрани над Газа

Јордан и Емиратите фрлија хуманитарна помош со падобрани над Газа
Vero

Јорданската војска изврши три воздушни десанти со хуманитарна помош над Појасот Газа, во обид да се ублажи катастрофалната хуманитарна состојба предизвикана од израелската блокада, соопшти државната новинска агенција „Петра“.

Во акцијата се фрлени вкупно 25 тони храна и неопходни хуманитарни средства на различни локации низ Газа. Еден од десантите бил спроведен во соработка со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопштија властите.

Според официјалните податоци, од октомври 2023 година, Јордан има спроведено 127 самостојни воздушни фрлања хуманитарна помош над Газа и учествувал во 267 заеднички операции со сојузнички земји.

„Овие акции се дел од нашите постојани напори за поддршка на палестинскиот народ и олеснување на страдањата на цивилите во Газа,“ се вели во соопштението.

Израелската блокада на Појасот Газа трае веќе 18 години, а од 2 март годинава сите гранични премини се целосно затворени, што дополнително ја влоши хуманитарната криза.

Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 133 лица починале од глад од октомври 2023 година, меѓу кои 87 деца. Светскиот програм за храна неодамна предупреди дека околу една третина од населението во Газа не добило храна со денови, поради продолжената блокада.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран