Ирански нуклеарен научник е убиен во вооружен напад што се случил во Техеран, јавуваат израелските медиуми, повикувајќи се на ирански државни извори.
Според телевизијата „Кан“ и други локални медиуми, инцидентот се случил во иранската престолнина, но засега нема официјална потврда ниту од властите во Техеран, ниту од израелската страна.
Иако деталите за нападот се сè уште нејасни, израелските медиуми потсетуваат дека во текот на претходни конфликти, Израел повеќепати бил обвинуван за ликвидации на ирански научници поврзани со нуклеарната програма на земјата.
Инцидентот се случува во контекст на зголемени тензии меѓу двете земји, особено во услови на актуелната ескалација на насилството на Блискиот Исток.