УТРО.мк

Граѓански патроли во Мадрид ја откриваат добро организираната мрежа на џепчиите од Бугарија

Граѓански патроли во Мадрид ја откриваат добро организираната мрежа на џепчиите од Бугарија
Vero

Десетици бугарски државјанки се најдоа во центарот на скандал во Мадрид откако граѓански патроли почнаа да ги снимаат додека извршуваат кражби по улиците и во метрото на шпанскиот главен град. Волонтерската организација „Патрула Мадрид“ документира кривични дела, објавува фотографии и имиња на Инстаграм и тврди дека станува збор за добро организирана криминална мрежа која негативно влијае на имиџот на Бугарија, објави бугарската „Нова ТВ“.

Волонтерите, кои се обични граѓани – сопственици на ресторани, туристички водичи, пензионери – веќе две години ги следат џепчиите низ старите улици на Мадрид. Иако меѓу фатените има и Романци и Босанци, според нив најорганизирана група се токму бугарските државјанки.

Патролата ја опишува мрежата како пирамидална структура, чиј врв е поврзан со други криминални активности, вклучувајќи трговија со автомобили, дрога и перење пари. До сега биле идентификувани повеќе од 150 жени кои припаѓаат на истата банда.

„Повеќето имаат меѓу 25 и 40 години, се многу сериозни и никогаш не се смеат. Обично одат по две и не разговараат меѓу себе“, велат членовите на патролата. Жртви се најчесто постари лица и туристи од Источна Азија кои носат готовина.

Класичниот метод на кражба вклучува покривање на раката со парче облека додека ги вадат паричниците од чанти или џебови. Волонтерите велат дека групата делува особено на преполни места, како автобуси во шпиц-часот, и е препознатлива по специфичниот стил на облекување и очила за сонце.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран