УТРО.мк

Поради овие причини може да не ви дозволат да се качите на авион

Поради овие причини може да не ви дозволат да се качите на авион
Vero

Иако авиокомпаниите се подготвени да се справат со итни случаи во лет, одредени здравствени состојби може да бидат доволна причина да им се одбие влез на патниците во авион. Главната грижа на авио-компаниите е безбедноста на сите патници и екипажот, а тоа вклучува и проценка на општото здравје на патникот кое може да бара непланирано слетување или дополнителна медицинска интервенција.

Најчесто опасни се состојби кои може да се влошат при промени на притисокот во кабината или на голема надморска височина. Така, ризик може да претставуваат: нестабилни срцеви или белодробни заболувања, неодамнешни операции, гипс на скршеница што не дозволува правилно ширење на ткивото, како и напредна бременост по 28-та недела поради можност за предвремено породување.

Иако лица со Паркинсонова болест понекогаш им е одбиено качување, лекарите наведуваат дека оваа состојба сама по себе не мора да биде пречка, доколку персоналот е информиран и може да понуди редовно освежување и помош за време на летот.

Видливите повреди или симптоми како кашлица, дијареја, повраќање, грип или неправилно одење, исто така, може да предизвикаат одбивање влез, особено поради ризик од ширење заразни болести кон другите патници.

Доколку сметате дека неправедно ви е одбиено качување во авион, имате право на жалба кон превозникот. Најдобро е да се започне со отворена комуникација, која може да обезбеди безбеден и пријатен лет за сите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран