УТРО.мк

Мицкоски од Кичево: „Градот се ослободи – почнува нова ера на обединување и развој“

Мицкоски од Кичево: „Градот се ослободи – почнува нова ера на обединување и развој“
Vero

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва престојуваше во Кичево, каде му ја честита победата на новоизбраниот градоначалник Александар Јовановски над досегашниот градоначалник Фатмир Дехари.

„Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога волјата за иднина е посилна од хаосот и безредието – тогаш се испишува историја. Јасно е дека се работи за Кичево“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој им се заблагодари на кичевчани за, како што рече, „полното срце и душа“ и порача дека со новиот градоначалник Јовановски ќе следува период на реализација на бројни проекти за подобар живот и модерно Кичево.

„Вечерва ќе се радуваме едни со други и ќе си подадеме рака, а од утре ги засукуваме ракавите – не чека многу работа“, рече Мицкоски, додавајќи дека градот „денес гласал за слобода и се ослободил од човек кој се богател на грбот на граѓаните“.

Тој нагласи дека Кичево добило градоначалник кој е „родител, сопруг и доктор“, но пред сè – човек кој обединува. Мицкоски се заблагодари на сите етнички заедници кои го поддржале Јовановски и порача дека ова е „нова страница на заедништво и развој“.

„Оваа доверба е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Со 55 градоначалници, огромно парламентарно мнозинство и довербата на народот, заокружуваме историски циклус. Ветувам чесна, трудољубива и обединета работа за сите граѓани“, истакна Мицкоски.

Тој уште еднаш ги повика сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и Роми да се обединат околу идејата за заедничка држава – „наша заедничка Македонија што ќе ја градиме заедно“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран