УТРО.мк

Над 130 лица се лишени од слобода во месец октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

Над 130 лица се лишени од слобода во месец октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога
Vero

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец октомври, во повеќе различни случаи лишија од слобода над 130 лица, помеѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, таблети, амфетамин, хероин и дробилки.

Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десеттина различни случаи беа лишени од слобода и беа поднесени кривични пријави против повеќе од 25 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ.

Воедно, полициски службеници од СВР Скопје во месец октомври, на повеќе локации, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, лишија од слобода повеќе лица, меѓу кои и странци, откако кај нив била пронајдена марихуана, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и дробилки.

Исто така, по преземени мерки во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед кај едно лице од Република Грција, при што била пронајдена марихуана.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран