УТРО.мк

На коридорите 8 и 10д во септември работеле 2.277 лица и над 1.200 машини

На коридорите 8 и 10д во септември работеле 2.277 лица и над 1.200 машини
Vero

Во изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д во септември биле ангажирани 2.277 лица и 1.244 градежни машини, покажува месечниот извештај за напредокот на работите што денеска го објави Јавното претпријатие за државни патишта.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој е изведувач на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, во септември продолжил со активности главно насочени кон геотехнички истражувања, дизајн и спецификации на автопатите, изработка на проектна документација за експропријација, управување со сообраќајот и уривање на постоечки објекти. На повеќе делови се изведувале земјени работи, дренажа и конструкции.

На терен биле активни шест мостови, седум надвозници и три подвозници, каде што се поставувале столбови, темели и греди. Работите се изведуваат на трите делници:

Тетово – Гостивар (18 километри),

Гостивар – Букојчани (30 километри),

Прилеп – Битола (40 километри).

До крајот на септември се ископани околу 4,1 милион кубни метри земја и еден милион кубни метри материјал за пополнување.

Во септември немало нови исплати кон изведувачот. Последната исплата, во износ од 1,2 милијарди денари, била извршена во август. Претходно, „Бехтел и Енка“ доби исплати во април (600 и 524 милиони денари), мај (681 милион), јуни (830 милиони) и јули (1,2 милијарди денари).

Заклучно со крајот на минатата година, вкупно биле исплатени 261 милион евра.

Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ изнесува 1,3 милијарди евра, а градежните активности на терен започнаа на 22 април 2023 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран