УТРО.мк

ВЛЕН прогласи победа во сите општини и побара оставка од Али Ахмети

ВЛЕН прогласи победа во сите општини и побара оставка од Али Ахмети
Vero

Аднан Азизи, шеф на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН, вечерва прогласи победа во сите општини каде што нивните кандидати учествуваа во вториот круг од локалните избори.

„Со овие резултати, ВЛЕН станува втора политичка сила во државата. Со тоа се заокружува промена кај Албанците во Македонија,“ изјави Азизи.

Тој додаде дека од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, очекуваат оставка, истакнувајќи дека е време партијата да се реформира. Азизи обвини дека Ахмети е одговорен и за изборниот резултат во Брвеница и Кичево, бидејќи, според него, ДУИ ги предала изборите во овие општини.

ВЛЕН со ова ја потврди својата позиција како значајна политичка сила во албанската заедница и најави продолжување на активностите за зајакнување на нивното влијание на локално ниво.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран