Општина Неготино ја доби својата прва жена градоначалничка, Марија Нацева, соопшти вечерва Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино.
„Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа можат да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во нашата општина,“ истакнаа од Унијата на жени.
Тие додадоа дека како организација ќе продолжат да ја поддржуваат и да бидат двигател за нови успеси, посакувајќи ѝ на Нацева многу успеси во работата што следи.
Овој историски избор ја потврдува зголемената улога на жените во локалната политика и значајното влијание што можат да го имаат во развојот на заедницата.































