Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи голема победа на локалните избори за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека ќе ја слави победата заедно со граѓаните во Брвеница и во Кичево, а рано утре ќе отпатува за Брисел.
Мицкоски најави дека кандидатот на Вреди за Брвеница, Хаќим Рамадани, ќе биде разрешен од функцијата во Државниот инспекторат за локална самоуправа. Тој му се заблагодари на народот и истакна дека ова е заедничка победа.
„Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа и надежи. Беше жилава и тешка борба со многу предизвици. Во Брвеница, Јовица Илиевски останува градоначалник,“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ победила во Скопје, Карпош, Аеродром, Чучер-Сандево, како и во Валандово, Дојран, Крушево, Кочани и Кичево, каде што падна Фатмир Дехари. „Во Кичево победи соживотот и вербата во вредности. Падна митот дека Кичево е нечие или наше – Кичево е на кичевци,“ додаде тој.
Мицкоски потенцираше дека победата испраќа порака за обединување и дека секој глас е обврска. „Следниот пат, ве молам, не останувајте дома. Само обединети можеме да ја направиме Македонија,“ рече тој.
На новинарско прашање за улогата на коалицискиот партнер Вреди во вториот круг, Мицкоски рече дека не смета дека било каков бојкот бил извршен, туку дека гласачите на Вреди не го поддржале Ѓорѓиевски.































