УТРО.мк

Гори една од најголемите рафинерии во Русија: Дронови ја нападнаа „Славнефт-Јанос“, затворен автопатот кон Москва

Гори една од најголемите рафинерии во Русија: Дронови ја нападнаа „Славнефт-Јанос“, затворен автопатот кон Москва
Vero

Украински беспилотни летала во текот на ноќта ја нападнале рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослав, една од најголемите нафтени рафинерии во Русија, при што во комплексот избувнал пожар.

Нападот е потврден од украинскиот Генералштаб, додека руските власти соопштија дека поради безбедносната ситуација бил затворен дел од автопатот М8 во правец кон Москва.

Снимки објавени на руски канали на Телеграм покажуваат најмалку два одделни пожари во рамките на рафинерискиот комплекс. Според украински извори, ова е осми напад врз „Славнефт-Јанос“ од почетокот на годината.

По нападот, руските власти презеле дополнителни безбедносни мерки во регионот. Дел од автопатот М8 бил затворен, а неколку линии на јавниот превоз во Јарослав биле пренасочени или скратени. Привремено биле суспендирани и меѓуградските автобуси кои го користат затворениот дел од патот.

Гувернерот на Јарославската област, Михаил Јевраев, предупреди за опасност од беспилотни летала и соопшти дека руските безбедносни структури работат на одбивање на нападот.

„Единиците на Министерството за одбрана и безбедносните агенции работат на одбивање на нападот“, изјави Јевраев.

Напади со дронови биле регистрирани и во други делови на Русија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила два дрона кои летале кон главниот град.

Според Собјанин, службите за итни случаи биле испратени на местото каде што паднале остатоците од беспилотните летала.

Во меѓувреме, над Павловски Посад бил забележан густ црн чад, но засега нема потврда што го предизвикало. Воздушна тревога била прогласена и во Владимирската и Ивановската област, како и во делови од Московскиот регион.

Засега нема официјални информации за причините и обемот на пожарот во рафинеријата, ниту за евентуални жртви или материјална штета.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin