УТРО.мк

Продолжуваат работите на водоводниот дефект во Тетово – санацијата се очекува до вечерва

Продолжуваат работите на водоводниот дефект во Тетово – санацијата се очекува до вечерва
Vero

Екипите на ЈКП „Шар“ – Тетово продолжуваат со санацијата на дефектот на улица „Браќа Миладинови“, информираат од претпријатието.

Поради сложеноста на интервенцијата, работите се очекува да продолжат до доцните вечерни часови. Екипите се на терен и интензивно работат на завршување на санацијата во најкраток можен рок.

Од ЈКП „Шар“ информираат дека во моментов е обезбедено водоснабдување до фабриките „Тетекс“ и „Пофикс“. За останатиот дел од реонот, нормализирањето на водоснабдувањето ќе се одвива во текот на денот, во зависност од динамиката на работите.

Од претпријатието им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето и трпението додека трае интервенцијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin