УТРО.мк

Руските сили со серија напади врз украински цели: Погодени објекти во Одеса, Измаил и Киевскиот регион

Руските сили со серија напади врз украински цели: Погодени објекти во Одеса, Измаил и Киевскиот регион
Vero

Руските вооружени сили извршиле серија напади со беспилотни летала врз украински воени и логистички објекти, меѓу кои и цели во пристаништата во Одеса и Измаил, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според руското Министерство, во регионот на Киев бил погоден транспортно-логистичкиот комплекс „Raven Ukraine“ во Бровари, кој, како што се тврди, бил користен за складирање и дистрибуција на компоненти за различни видови беспилотни летала.

Руската страна наведува дека бил погоден и индустриски објект во Велика Александровка, во Киевскиот регион, каде што се произведувале копнени роботски комплекси за извидување и напад, како и далечински управувани модули.

Во пристаништето во Одеса, според соопштението, била погодена работилница за склопување беспилотни летала. Во исто време, во пристаништето во Измаил бил погоден танкер кој, според руските тврдења, превезувал гориво и мазива за потребите на украинските вооружени сили.

Руското Министерство за одбрана тврди дека танкерот бил погоден додека се вршел истовар, при што биле зафатени и два резервоара со гориво наменети за украинската армија.

Москва соопшти дека нападите биле дел од поширока серија удари врз украински објекти поврзани со воено-индустрискиот комплекс, логистички центри, пристаништа и пловни објекти што, според руската страна, се користат за воени потреби.

Напоменa: Наводите за погодените цели и причинетата штета се информации соопштени од руското Министерство за одбрана и не се независно потврдени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin