
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) открила организирана мрежа за шверц на фалсификувани кондоми кои биле дистрибуирани на европскиот пазар. Во акцијата се запленети повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина.
Според информациите, производите биле лажно пријавувани како играчки со цел да ја избегнат царинската контрола. Заплените биле извршени во Романија, Србија и Шпанија, а вредноста на одземената стока се проценува на повеќе од 200.000 евра.
Од ОЛАФ предупредуваат дека фалсификуваните кондоми не ги исполнувале строгите здравствени и безбедносни стандарди на Европската Унија. Производите не биле тестирани за микробиолошка исправност, отпорност на кинење, биокомпатибилност, рок на траење, како и за други задолжителни критериуми.

















