УТРО.мк

Двојна експлозија во Дамаск кај хотелот каде престојувал Макрон – има загинати и повредени

Двојна експлозија во Дамаск кај хотелот каде престојувал Макрон – има загинати и повредени
Vero

Две експлозии одекнаа во вторникот наутро во близина на хотелот „Four Seasons“ во главниот град на Сирија, Дамаск, каде што ноќта престојувал францускиот претседател Емануел Макрон.

Според сириското Министерство за внатрешни работи, во двојната експлозија има загинати, меѓу кои и полициски службеници, додека 18 лица се повредени, од кои четворица се припадници на полицијата.

Експлозиите се случиле во близина на хотелот во центарот на Дамаск, непосредно пред Макрон да го напушти објектот и да замине на средба во претседателската палата со сириските власти.

Од кабинетот на францускиот претседател соопштија дека Макрон е безбеден и дека неговата посета на Сирија продолжува според планираната агенда.

Според првичните информации, една од експлозивните направи била поставена во контејнер, а другата во возило паркирано во близина на хотелот. Очевидци пријавиле дека по експлозиите се издигнал густ чад над областа.

Безбедносните сили веднаш го обезбедиле местото на настанот, а на терен пристигнале и екипи на итната медицинска помош.

Засега нема официјални информации за сторителите и мотивот за нападот, а истрагата за случајот е во тек.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin