УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Гостивар – Седум лица повредени

Тешка сообраќајка во Гостивар – Седум лица повредени
Vero
Полиција policija
Полиција policija

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, информира МВР.

Несреќата била пријавена синоќа во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале „цитроен берлинго“, управуван од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, управуван од 70-годишниот О.Р. од Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С.(64), З.И.(45) и С.Р.(60). Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и сопатниците Д.П.Г.(59) и П.А.(54), констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin