УТРО.мк

Сообраќајна несреќа со тешки последици во Тетово – двајца возачи итно пренесени во болница

Сообраќајна несреќа со тешки последици во Тетово – двајца возачи итно пренесени во болница
Vero

На 07.07.2026 во 07:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (18) од Тетово (кој возилото го управувал без положен возачки испит) и товарно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (24) од с. Пршовце.

Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување на помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово, додека сопатникот во товарното возило, А.Р. (19) од Тетово, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin