УТРО.мк

На слика стара повеќе од 400 години откриен детал што науката го потврди дури во 2025 година

На слика стара повеќе од 400 години откриен детал што науката го потврди дури во 2025 година
Vero

Уметничко дело старо повеќе од четири века стана предмет на научно истражување откако истражувачи открија необичен детал кој се совпаѓа со сознание што науката официјално го потврдила дури во 2025 година.

Истражувањето, објавено во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), го предводел Pedro Romero-Vidal од Биолошката станица Доњана во Севилја.

Во фокусот на студијата се нашла сликата „Воздух“, создадена во 1611 година од фламанскиот сликар Jan Brueghel the Elder. На платното се прикажани повеќе од 60 видови птици и три вида лилјаци, а научниците забележале необичен детаљ – лилјак кој во устата носи мала птица.

По детална анализа на изгледот на животното, истражувачите сметаат дека станува збор за големиот ноќник (Nyctalus lasiopterus), најголемиот вид лилјак во Европа.

Овој вид првпат го привлече вниманието на научниците во 2001 година, кога во неговиот измет биле пронајдени остатоци од пердуви на птици. Тоа навестувало дека, покрај инсекти, големиот ноќник се храни и со птици, но ваквото однесување било директно потврдено дури во 2025 година. Тогаш, со помош на минијатурни уреди за следење, научниците снимиле како лилјаците ловат птици преселници додека се во лет.

Истражувачите нагласуваат дека сликата сама по себе не претставува научен доказ. Сепак, фактот што ваква сцена е насликана уште во 17 век отвора можност уметникот да се потпирал на вистински набљудувања или на сознанија што кружеле меѓу природонаучниците и ловџиите од тоа време.

Авторите на студијата сметаат дека дигитализацијата на музејските збирки би можела да помогне во откривање нови информации скриени во старите уметнички дела, кои би можеле да понудат вредни сознанија за историјата на животинскиот свет и развојот на научните истражувања.

Natural history on canvas: Brueghel knew about bird-eating noctule batshttps://t.co/QstGJWoBpYpic.twitter.com/CNISr97iAp— Jim Rigney (@RigneySec)July 2, 2026

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin