
Во рамки на истрагата за кривичното дело „насилство“, при кое претходниот ден со нож беа повредени две лица, полициски службеници од СВР Тетово вчера извршиле претреси на две локации во Тетово.
При претрес на патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (38) од Тетово, бил пронајден пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во неговиот дом била пронајдена рамка за оружјето.
Во претрес на друг објект во Тетово, исто така сопственост на Б.И., полицијата пронашла два пиштоли за кои не поседувал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари.
Поради сомнение за сторени кривични дела, од слобода се лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово.
По целосното документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















