УТРО.мк

Николоски: Започнува најкрупната реформа – нов едношалтерски систем за побрз увоз, извоз и транзит

Николоски: Започнува најкрупната реформа – нов едношалтерски систем за побрз увоз, извоз и транзит
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека започнува имплементацијата на новиот Национален едношалтерски систем, кој треба да донесе значително олеснување за компаниите и поефикасни процедури при увоз, извоз и транзит на стока.

Како што посочи Николоски, станува збор за една од најзначајните реформи во процесот на дигитализација и модернизација на административните постапки, преку која од една електронска точка ќе се обезбедуваат услуги од 15 институции.

„Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока“, наведе Николоски.

Новиот систем има за цел да создаде единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо, полесно и поефикасно да ги завршуваат законските обврски поврзани со надворешната трговија.

Според Николоски, со оваа реформа продолжува процесот на модернизација на институциите и унапредување на услугите, со цел создавање поефикасен систем кој ќе им биде од корист на граѓаните и бизнис секторот.

„Продолжуваме да ги модернизираме и унапредуваме сите процеси во Македонија“, порача вицепремиерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin