УТРО.мк

Сончево утро, нестабилно попладне: Еве какво време нè очекува денес

Сончево утро, нестабилно попладне: Еве какво време нè очекува денес
Vero

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината се можни краткотрајни поројни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 34 степени.

Според синоптичарите, во наредните денови ќе преовладува претежно топло и стабилно време, со постепен пораст на дневните температури.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin