УТРО.мк

Николоски: Почнуваме со реализација на автопатот Скопје – Блаце, потпишан грант од 30,8 милиони евра

Николоски: Почнуваме со реализација на автопатот Скопје – Блаце, потпишан грант од 30,8 милиони евра
Vero

Почнува реализацијата на автопатот Скопје – Блаце, откако е потпишан договор за грант во вредност од 30,8 милиони евра со Европската банка за обнова и развој European Bank for Reconstruction and Development, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Како што истакна Николоски, автопатот е дел од стратешката визија за Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.

Автопатот Скопје – Блаце е дел од транс-европската рута 6, која ја поврзува земјата со Косово, како и со пристаништата во Албанија и Црна Гора, што, како што беше посочено, има големо значење за трговијата, бизнисот и развојот на туризмот.

Во рамки на проектот е предвидено и учество на домашна градежна компанија како изведувач, што според надлежните е потврда дека македонските компании имаат капацитет да реализираат големи инфраструктурни проекти.

Со овој проект, властите очекуваат значајно унапредување на регионалната поврзаност и економскиот развој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin