УТРО.мк

Општина Битола: Пристигнаа уште два нови камиони за „Комуналец“, вкупно шест од планирани десет

Општина Битола: Пристигнаа уште два нови камиони за „Комуналец“, вкупно шест од планирани десет
Vero

Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште два камиони за подигнување на отпад со капацитет од 12 кубни метри, со што вкупниот број на досега испорачани возила достигна шест од планираните десет.

Возилата се обезбедени преку Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, и се наменети за јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија во општините, меѓу кои и битолското ЈП „Комуналец“.

Од Општина Битола посочуваат дека со оваа поддршка се создаваат услови за поефикасно собирање на отпадот, поголема покриеност на терен и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, како во урбаните, така и во руралните средини.

Дополнително, новата опрема треба да придонесе и за унапредување на системот за селекција на отпад уште на местото на неговото создавање, како дел од пошироките напори за подобро управување со отпадот во општината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin