УТРО.мк

Мицкоски: Јовица Илиевски ќе остане запаметен по својата чесност, посветеност и љубов кон Брвеница

Мицкоски: Јовица Илиевски ќе остане запаметен по својата чесност, посветеност и љубов кон Брвеница
Vero

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Централниот штаб на партијата му оддаде последна почит на прерано починатиот Јовица Илиевски.

Мицкоски во својата порака изрази длабока тага по повод загубата на својот пријател и сопартиец, истакнувајќи дека неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, но и за жителите на Општина Брвеница, која Илиевски неизмерно ја сакал и за која несебично работел.

„Неговата посветеност кон луѓето, чесноста, скромноста и искрената желба да придонесе за подобар живот во својата заедница ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Јовица Илиевски бил човек кој верувал во вредностите на чесната работа, одговорноста и заедништвото, оставајќи трага меѓу луѓето со својата добрина и посветеност.

„Неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат преку спомените што ги остави, преку добрината што ја ширеше и преку трагата што ја остави меѓу луѓето. Нека му е вечна слава и вечен спомен“, напиша Мицкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin