УТРО.мк

Млада велешанка синоќа се обидела да го убие сопругот

Млада велешанка синоќа се обидела да го убие сопругот
Vero

Лишена од слобода велешанка поради „обид за убиство“ врз вонбрачниот сопруг.

На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. 

Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin