УТРО.мк

Во Брвеница ќе се распишат вонредни локални избори

Во Брвеница ќе се распишат вонредни локални избори
Vero

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Централниот штаб на партијата му оддаде последна почит на прерано починатиот Јовица Илиевски, градоначалник на Општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во својата порака изрази длабока тага по повод загубата на својот пријател и сопартиец, истакнувајќи дека неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, но и за жителите на Општина Брвеница, која Илиевски неизмерно ја сакал и за која несебично работел.

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

„Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови“ – соопшти владата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin