Творецот и сопственик на апликацијата за комуникација Телеграм, Павел Дуров, откри дека Германија привремено спречила Европската Унија да воведе шпионирање на телефоните на сите граѓани.
Во пораката испратена до корисниците во Франција, Дуров предупредува дека опасноста од институционално следење на приватните разговори останува присутна и ги повикува луѓето да знаат кои се обидуваат да им ги ограничат слободите.
„ЕУ речиси го забрани вашето право на приватност. Се предлага закон што ќе ги принуди апликациите да ja скенираат секоја приватна порака, претворајќи ги телефоните на граѓаните во алатка за надзор. Франција го предводеше овој притисок, а поранешниот и сегашниот министер за внатрешни работи го поддржаа законот“, објаснува Дуров.
Тој додава дека законските мерки нема да ги спречат криминалците, бидејќи тие можат да користат VPN или други алатки за да ги сокријат пораките, додека обичните граѓани ќе бидат изложени на ризик нивните приватни пораки и фотографии да бидат компромитирани.
„Денеска ја браневме приватноста – ненадејниот став на Германија ги спаси нашите права. Но, слободите се уште се загрозени. Основните права на Французите и на сите Европејци остануваат во опасност бидејќи следното гласање е закажано за крајот на годинава“, предупредува Дуров.