Во силна експлозија што попладнево одекна во кафуле во Мадрид се повредени 14 лица, од кои едно со потешки повреди, соопштија итните служби.
Инцидентот се случил околу 15 часот во населбата Ваљекас. На местото веднаш биле испратени екипи на брзата помош и пожарникари, кои им пружиле помош на повредените и ја обезбедиле областа.
Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, а надлежните власти започнаа истрага за да ги утврдат околностите на несреќата.