Кафето важи за безбеден напиток доколку се консумира правилно, но според гастроентерологот и нутриционистката Нурија Дианова, одредени комбинации можат да бидат сериозна закана за здравјето. Таа посочува дека кафето со чоколадо или со алкохол е најлошата опција за дигестивниот систем.
Дианова објаснува дека овие комбинации го опуштаат долниот езофагеален сфинктер, што доведува до појава на горушица, печење и враќање на желудочната содржина во хранопроводникот. Иако симптомите не мора да се почувствуваат веднаш, со текот на времето може да се појави воспаление на хранопроводникот.
Таа дополнително советува кафето да не се пие на празен желудник и секогаш да се испие чаша вода по еспресо, бидејќи кафето има диуретичко дејство и може да предизвика дехидрација.
Експертите се согласни дека кафето само по себе не е штетно, но е клучно да се внимава со што се комбинира.