УТРО.мк

Документите на Епстеин на чекор до објавување: Што се крие во овие документи кои сите сакаат да ги видат?

Документите на Епстеин на чекор до објавување: Што се крие во овие документи кои сите сакаат да ги видат?
Vero

Представничкиот дом на САД со големо мнозинство изгласа објавување на владините документи поврзани со истрагата против сексуалниот престапник Jeffrey Epstein. Богатиот финансиски експерт почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење за трговија со малолетни девојки.

Епстеиновите документи содржат докази собрани од Министерството за правда и FBI за неговата пресуда од 2008 година за трговија на малолетници, како и за подоцнежната истрага во Њујорк. Засега, само мал дел од материјалите е објавен, а нови информации се појавуваат преку емаил преписки од неговата оставина.

Законот за транспарентност предвидува објавување на сите „некласифицирани записи, документи и истражни материјали“ во рок од 30 дена, вклучувајќи информации за соработничката на Epstein, Ghislaine Maxwell, која служи 20-годишна казна за регрутирање на малолетни девојки.

FBI и Министерството за правда во јули објавија дека не нашле „веродостоен доказ“ дека Епстеин уценувал влијателни лица или имал „листа на клиенти“, но дека преку пребарување на електронски уреди и имоти, вклучувајќи го приватниот карипски остров, собрани се над 300 GB материјали и физички докази.

Трамп ветуваше објавување на документите за време на кампањата, но ја промени одлуката како претседател, поддржувајќи ја објавата дури кога стана јасно дека Конгресот ќе го направи тоа. Законот дозволува исклучување на материјал што би можел да „ги загрози тековните федерални истраги или процеси“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран