УТРО.мк

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата
Vero

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-тата позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство.

На ноемвриските натпревари, Македонија одигра 0:0 во контролниот дуел со Летонија, додека во последното коло од квалификациите доживеа тежок пораз на гостувањето во Велс со 7:1.

Шпанија и понатаму е водечка сила на светската ранг-листа, пред Аргентина и Франција. Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска го комплетираат првите десет. Репрезентацијата на Косово бележи историски најдобар пласман и се наоѓа на 80-тото место.

Најголем напредок овој месец имаат Малта, Узбекистан и Филипините – сите со скок од по пет места, додека Босна и Херцеговина напредуваше за четири позиции и сега е 71-ва.

Во меѓувреме, вниманието во европскиот фудбал го привлече одлуката на Фудбалскиот сојуз на Чешка (ФАЧР), кој ги казни репрезентативците поради одбивањето да им се заблагодарат на навивачите по победата над Гибралтар од 6:0.

Извршниот комитет соопшти дека играчите нема да ги добијат бонусите за последниот натпревар, а капитенската лента привремено му е одзема на Томаш Соучек. Од ФАЧР порачаа дека навивачите имаат право на незадоволство поради слабите настапи, а должност на фудбалерите е да покажат почит и благодарност. Средствата од бонусите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран