УТРО.мк

Американскиот претседател Трамп со нови закани до Европската Унија

Американскиот претседател Трамп со нови закани до Европската Унија
Vero

Трамп најавува нови царини за Европската Унија пред истекот на паузата

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини од 17 отсто за прехранбени и земјоделски производи од Европската Унија, јавува Гардијан, само неколку дена пред истекот на тримесечната пауза за царинските мерки.

Европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, ја доби заканата на средбата со американскиот секретар за финансии Скот Бесант, трговскиот претставник Џејмисон Грир и секретарот за трговија Хауард Лутник.

Амбасадорите на ЕУ беа информирани за овие закани во петок, како што претходно објави Фајненшл Тајмс.

И покрај оптимизмот во ЕУ дека може да се постигне политички договор, пораките од Вашингтон упатуваат на продолжување на агресивниот преговарачки пристап на САД, а Трамп ЕУ ја опиша како „полоша“ трговска закана дури и од Кина.

Трамп најави дека ќе испрати писма до околу десетина земји, со предупредување дека по 9 јули ќе воведе трајни царини кои ќе достигнуваат и до 70 отсто.

Од Европската комисија реагираа дека приоритет останува постигнување договор, но ја потенцираа и подготвеноста за трговска војна со реципрочни мерки, вклучително и за американски производи како бурбон и авиони Боинг 747.

ЕУ бара итно укинување на царините за клучни сектори, особено за автомобилската индустрија, која сега плаќа царина од 27,5%, значително повеќе од 2,5% пред почетокот на трговската политика на Трамп.

Пауза од 90 дена за воведување царини важи за повеќе од 60 земји и ќе истече оваа среда, по што можно е Трамп да ја активира својата закана.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран