Американската крајбрежна стража соопшти дека од почетокот на август, во рамките на операцијата „Пацифичка змија“, се запленети повеќе од 50 тони кокаин во источниот дел на Тихиот Океан – во просек речиси по еден тон дневно.
Во рамките на операцијата извршени се 34 пресретнувања, а уапсени се 86 лица осомничени за трговија со дрога, пренесува ABC News.
„Со операцијата ‘Пацифичка змија’ Крајбрежната стража ги зајакнува активностите против трговијата со дрога во источниот Пацифик, каде сеуште се случува значаен шверц на нелегални наркотични средства од Централна и Јужна Америка“, изјавија американските официјални лица.
Главната цел на операцијата е борба против нарко-тероризмот и прекин на синџирите за нелегално снабдување со дрога кон САД.
Заменик-командантот на Пацифичката област на Крајбрежната стража, Џефри Новак, ја оцени заплената – тешка повеќе од 45.000 килограми – како „исклучително достигнување“ и најави продолжување на интензивните операции.
Крајбрежната стража на САД располага со флота од над 220 патролни бродови, 185 авиони, повеќе од 1.300 мали чамци и сопствена сајбер единица за заштита на клучната поморска инфраструктура.