УТРО.мк

Петарда за Малта: Македонија до 16 години доминантно до 0:5

Петарда за Малта: Македонија до 16 години доминантно до 0:5
Vero

Младата репрезентација на Македонија до 16 години забележа убедлива победа од 0:5 против Малта, во натпревар во кој доминираше од првата до последната минута.

Резултатот беше отворен во 12. минута со одлично одземена топка на Полимац, кој асистираше до Емини, а тој со прецизен удар донесе водство од 0:1. Во 24. минута домаќините останаа со играч помалку поради црвен картон по старт надвор од шеснаесетникот врз Велески.

До крајот на полувремето Македонија ја зголеми предноста. Во 32. минута по одлично додавање на Велески, Полимац погоди за 0:2, а во 40. минута повторно Полимац одзеде топка, асистираше до Емини, кој стрелаше за убедливи 0:3 на пауза.

Во вториот дел продолжи притисокот. Крстевски се закани во 47. минута, а минута подоцна повторно беше во шанса, но голманот одбрани. Во 54. минута по центаршут на Адеми од корнер, следуваше автогол на домашниот играч за 0:4.

Конечните 0:5 беа поставени во 67. минута од пенал, сигурен реализатор беше Крстевски. До крајот Македонија создаде уште неколку изгледни шанси, Николов имаше стопроцентна можност во 70. минута, а Недановски во 81. минута ја погоди стативата.

Одлично издание на избраниците на селекторот Исејни, со доминантна игра и ефикасност.

Македонија до 16 години: Илан Мемети, Михајло Павлов, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Александар Полимац, Дардан Адеми, Марин Крстевски (К), Илија Аксентиев, Огнен Сивевски, Адријан Велески, Медин Емини;

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран