
Фудбалската репрезентација на Македонија во Брисел ги дозна противниците за новиот циклус од Лигата на нации. За првпат од формирањето на ова натпреварување под капата на УЕФА, нашата селекција ќе се натпреварува во Б-дивизијата.
Македонија ќе игра во Групата 1, каде за ривали ги доби селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Станува збор за квалитетни и искусни репрезентации, што најавува возбудливи и неизвесни натпревари.























